Тренерот на Е. Пелистер разочаран по ремито: Многу ракометари одиграа под нивото

Ракометарите на Еурофарм Пелистер и во четвриот натпревар од Лигата на Европа пред своите гледачи во салата „Боро Чурлевски“ не успеаја слават.

Пелистерци ремизираа против Агуаш Санташ играјќи 27:27, а со играта и резултатот не беше задоволен тренерот Ларс Валтер.

„Одигравме лош натпревар. Мислам дека многу наши клучни играчи одиграа под нивото. На крајот, сакам да им честитам на нашите противници од Португалија“, изјави Валтер на прес-конференцијата по натпреварот.

Во идното коло, ракометарите на Еурофарм Пелистер ќе му гостуваат на Фуксе Берлин.

- Оглас -

Најнови вести