Тренерот на единствениот тим кој нема победа на свој терен најавува: Должни сме да победиме

Во дуел на две екипи кои се во долниот дел од табелата во Серија А, Лече го пречекува Удинезе. Домаќините не се израдувале на триумф уште од ноември, па тренерот Фабио Ливерани верува дека во Новата година ќе стигнат и повеќе победи. Овие два тима последен пат играле во февруари 2012 година, што значи дека речиси осум години повторно се на мегдан.

„Зимската пауза од првенството добро влијаеше на нас. Сите имаме потреба од одмор, а сега сме подготвени повторно да победиме. Ги гледам момците и тие се мотивирани и подготвени за победа. Удинезе е добар тим, но верувам дека ние ќе направиме добар старт на годината и очекувам победа“, рече стратегот Ливерани.

Лече е единствениот тим во Серија А кој нема победа на свој терен. Во досегашните осум средби, Лече има четири нерешени и четири порази. Удинезе на гости е слаб и во осум дуели загуби шест пати, што значи дека е вистинска шанса на Лече да се израдува на првиот триумф.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести