29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Тренерот на Ѓоковиќ вели дека само еден тенисер може да го победи Новак на САД Опен

Тренерот на Новак Ѓоковиќ, Горан Иванишевиќ смета дека само еден тенисер може да го победи Србинот на последниот годинешен гренслем-турнир, Отвореното првенство на САД.

„Секоја чест на останатите тенисери, но само еден може да го победи Новак, а тоа е Карлос Алкарас“, изјави Иванишевиќ.

Токму младиот Шпанец го победи Ѓоковиќ во финалето на Вимблдон, а многумина очекуваат овие двајца тенисери да играат и во финалето на САД Опен.

„Ѓоковиќ секогаш е мотивиран, а гренслем е гренслем. Повторно ќе има голема борба. Добро е што на Вимбдлон, но и пред тоа во Париз, се создаде ривалство меѓу двајца тенисери иако разликата меѓу нив е 16 години. Секој нареден меч меѓу нив двајца ќе биде уште подобар, полуд и погледан“, додаде Иванишевиќ.

- Оглас -

Најнови вести