28.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Тренерот на голманите во руската репрезентација се разведува од двете сопруги, имал и трета

Тренерот на голманите на руската фудбалска репрезентација, Виталиј Кафанов, се разведе од своите две сопруги, Марал и Рима.

Судот одлучи да го раскине неговиот брак со Марал, бидејќи истекол рокот за помирување на сопружниците, а на 28-ми мај тој се разведе од својата втора сопруга Рима. Во моментов, 65-годишниот тренер сè уште не може да се смета за официјално слободен, бидејќи одлуката на судот за развод од Марал не стапила во сила.

Според адвокатите на првата сопруга Марал со која стапил во брак во 1998 година и со која има две деца, тие ќе поднесат жалба на одлуката на судот за развод. Втората сопруга Рима со која бил оженет од 2018 година, знаела за првата жена, но првата не знаела за втората, туку само се сомневала дека тој води двоен живот. Во февруари годинава била откриена тајната, бидејќи Рима на одмор во ОАЕ се претставувала како законска сопруга на Виталиј. 

Според Марал, нејзиниот сопруг наводно го искористил вториот брак за да го заобиколи законот. Жената поднела барање за развод и побарала поделба на заеднички стекнатиот имот. За време на судењето, се покажало дека тренерот се оженил и со извесна Валентина Родина во 2000 година. Нивниот брак траел до јануари 2018 година, и според брачниот договор, таа добила три стана во московскиот регион.

Кафанов можеби користел лажен пасош за својот втор брак, бидејќи полигамијата е официјално забранета во Русија. Самиот тренер призна дека има тројно државјанство: руско, казахстанско и туркменистанско.

- Оглас -

Најнови вести