Тренерот на Интер им фати сеир на колегите Алегри и Конте

Со победата на гостувањето кај Комо, Интер направи огромен чекор кон освојување на титулата во италијанската Серија А, на шест кола до крајот има големи девет бодови предност пред вториот Наполи.

Скудетото им е на дофат на Нераѕурите од Милано, а тренерот Кристијан Киву уште не сака да зборува за тоа, бидејќи Интер математички уште нема обезбедено ни пласман во Лигата на шампионите за следната сезона, иако има 17 бодови предност пред петтиот Комо. Интер веројатно уште во следното коло ќе осигура учество во ЛШ, а Киву не пропушти шанса да ги „боцне“ колегите од Наполи и Милан кои цело време тврдат дека нивните тимови не се тркаат за титулата туку целта им е пласман во ЛШ, иако е јасно дека не го мислат тоа туку само јавно кажуваат така за да ја сокријат немоќта во трката со Интер.

„Ќе кажам како што кажуваат и моите колеги кои зборуваат само за пласман во ЛШ, не и за титула. Еве и јас ќе кажам дека сме среќни што се приближуваме до таа цел, но математички уште не сме таму“, рече Киву.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести