4.8 C
Skopje
среда, 25 февруари 2026

Тренерот на Интер најде алиби: „Бодо играше само четири меча во последните три месеца“

Интер е елиминиран од Лигата на шампионите по двата пораза од норвешкиот Бодо/Глимт. Сепак, Романецот на клупата на екипата од Милано се обиде да најде оправдување за поразите во густиот распоред, но и одморениот противник.

„Моите фудбалери немаа енергија бидејќи е тешко да ја одржиш кога играш на секои три дена. Од друга страна, Бодо во последните три месеца одигра само четири натпревари“, рече Киву.

Бодо/Глимт поради паузата во норвешкото првенство, кое се игра во форматот пролет-есен, има долга пауза и игра само на европската сцена, но тоа не значи и автоматски предност во однос на противниците.

„Немам никакви забелешки за моите играчи. Тие се дадоа максимално. Разочарувањето е големо затоа што направивме сѐ што беше во наша моќ за да продолжиме понатаму. Ни останува само да му честитаме на противникот. Пробавме сѐ против многу добро организиран тим. Не успеавме први да постигнеме гол во реваншот и тие психолошки се чувствуваа многу поудобно. Ако поведевме, можеби ќе стекневме психолошка предност. Фудбалерите на Бодо се бранеа одлично и не ја испуштија контролата врз натпреварот. Во второто полувреме ни снема сила и примивме два гола. Тогаш сѐ беше решено“, додаде тренерот на Интер, Кристијан Киву.

- Оглас -

Најнови вести