Тренерот на Кристал Палас само што дозна дека е позитивен на корона, но мечот со Тотенхем ќе се игра

Тренерот на Кристал Палас, Французинот Патрик Виеира, е позитивен на Ковид-19, и нема да може да ја води својата екипа на гостувањето кај Тотенхем од 16 часот.

Виеира лошата вест ја дозна на околу три часа пред дуелот. Мечот помеѓу двете лондонски екипи нема да се одложи, а Палас од клупата ќе го води помошниот тренер Робертс.

- Оглас -

Најнови вести