Тренерот на Лајпциг, Марко Розе, го коментираше ремито со Реал Мадрид од 1-1, по кое неговиот тим беше елиминиран во осминафиналето на Лигата на шампионите.
„Имавме добри шанси и одигравме многу добро. Многу е важно на овие натпревари да се најде добар баланс – да се брани она што треба да се одбрани. Ние го направивме тоа многу добро. На моменти притискавме многу силно, се браневме длабоко и ја имавме топката. Мојот тим прикажа многу добра игра. Едноставно, не постигнавме доволно голови. На крајот тие дадоа два гола, а ние само еден. Многу сме разочарани што испаднавме од борбата за трофејот“, рече Розе.
Германскиот тим имаше доста шанси на двата меча, но изостана поголема ефикасност за да го искористат бледото издание на Реал.
„Што недостасуваше? Имаме квалитет на многу позиции и постигнуваме многу голови во лигата. Можеби ни недостасува искуство во одредени ситуации или смиреност што доаѓа со искуството. Ви треба и малку среќа, тоа е исто така важен дел“, анализира Розе.
Инаку, испаѓањето на Лајпциг од ЛШ значи дека Борусија Дортмунд си обезбеди место на Светското клупско првенство следната година како втор германски претставник.