Актуелниот тренер на Лече, Марко Џампаоло, откри дека во 2009 година бил многу блиску да стане шеф на стручниот штаб на Јувентус.
Директорите на Јуве му рекле дека има 99 проценти шанси да го ангажираат, но работата се изјаловила во последен момент и Старата дама за тренер тогаш го постави Чиро Ферара.
„Ми се јавија директорите Секо, Кастањини и Блан. Се сеќавам дека бев во Торино на вечера во куќата на Блан и доцна вечерта се враќав дома во Џулијанова. Додека патував, тие ми се јавија и ми рекоа дека има 99 проценти шанси да бидам тренер на Јуве, и дека само треба тоа да се потврди од бордот на директори или така нешто. Можете да замислите, имав 40 години. Колку луѓе во животот имаат шанса да седнат на таа клупа? За жал, после неколку дена ми рекоа дека поголеми одлуки биле во игра и на крај го избраа Ферара“, раскажува Џампаоло кој освен во Лече, во Серија А има работено и во Милан, Каљари, Торино, Емполи и Сампдорија.