Тренерот на Лестер откри која е тајната за победата од 9:0

Лестер со неверојатни 9:0 на гости го победи Саутемптон и на тој начин си обезбеди место во историјата на Премиер лигата. Клубот кој го направи најголемото чудо и пред неколку години успеа да стигне до титулата, синоќа приреди уште еден подвиг.

По првиот дел Лестер водеше со 5:0, а гостите не сопреа ни во второто полувреме, па на крајот броеја до девет голови во мрежата на Саутемптон. При резултат 0:1, домаќините уште во 12 минута останаа со играч помалку, по директниот црвен картон што го доби Бертранд.

Тренерот на Лестер, Брендон Роџерс откри како успеал да ги мотивира своите играчи и во второто полувреме да продолжат во ист ритам, иако уште по првите 45 минути беше јасно дека трите бода ќе бидат за Лисиците.

„На полувремето водевме со 5:0, но јас на играчите им реков да влезат во вториот дел како да е 0:0 и да продолжат да се борат. Им реков да излезат на терен и да покаѓат дека се добар тим. Мислам дека од меч во меч стануваме се подобри, а има и простор за уште напредок. Имаме млада екипа, уште сега се гледа дека имаме неверојатен менталитет, а во иднина самодовербата ќе биде на уште поголемо ниво“, рече Роџерс.

 

- Оглас -

Најнови вести