Тренерот на Лил бара да не им се продаваат фудбалери на руски екипи

Тренерот на Лил, Поругалецот Пауло Фонсека, ги повика клубовите да не им продаваат фудбалери на руските екипи, дури и да не преговараат со нив.

Причина за ваквото размислување на тренерот на Лил е поради руската воена инвазија врз Украина, но и поради тоа што сопругата му е Украинка и неколку години работеше во оваа земја.

„Минатата недела прочитав дека Бенфика и мојата Брага размислуваат да им продадат играчи на руски екипи. Не сакам и одбивам да верувам дека таа вест е вистинита“, напиша Фонсека на социјалните мрежи.

Фонсека од 2017 до 2019 година седеше на клупата на Шахтар Донецк, каде што и ја запозна сопругата, која е Украинка. Тие ја напуштија Украина во февруари 2022 година, кога започна војната.

„Секој ден Русија продолжува да убива луѓе и деца. Ако Бенфика и Брага се договорат со руските екипи, тоа ќе бидат крвави пари. Пред две недели, руски тим сакаше да го купи дефанзивецот на Саусоло, Рожерио. Но, италијанскиот тим одби да преговара од морални причини, односно поради војната, и апелирам Бенфика и Брага да го сторат тоа“, објави Фонсека.

- Оглас -

Најнови вести