Тренерот на Лил: Утре играме против најсилниот тим во ЛШ и логично е да загубиме

Бруно Женезио, тренерот на францускиот прволигаш Лил, утре го очекува огромен предизвик, натпревар во Лигата на шампионите против европскиот првак Реал Мадрид. На прес-конференцијата пред натпреварот, 58-годишниот тренер изрази голем респект кон Кралскиот клуб и јасно истакна дека неговиот тим нема многу шанси против фаворитот.

„Утре играме против најдобриот тим на светот. Доколку загубиме, тоа ќе биде логично и сосема нормално. Сè освен пораз би било фантастично“, изјави Женезио со доза на дефетизам.


Тој го презеде Лил ова лето и досега го има водено францускиот тим во 11 натпревари оваа сезона.

Во домашното првенство, Лил се наоѓа на петтото место по шест кола, додека во Лигата на шампионите започна со пораз од 0-2 на гости против Спортинг Лисабон во првото коло.


Реал Мадрид, кој утре гостува кај Лил, ја започна својата кампања во ЛШ со победа од 3-1 против Штутгарт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести