Тренерот на Лион суспендиран на девет месеци поради напад на судија (Видео)

Дисциплинската комисија при Француската фудбалска федерација (ФФФ) го суспендира тренерот на Лион, Пауло Фонсека, на девет месеци поради непристојното однесување кон судијата Бенои Мило на последниот меч против Брест.

Фонсека доби црвен картон, а потоа збесна и буквално му се внесе во лицето на судијата. „Фонсека имаше застрашувачки и загрозувачки став и однесување. Господин Фонсека е тренер во Лига 1 и тој, пред сè, е едукатор и нема потреба да се потенцира дека такво однесување е непоимливо за неговата должност“, вели претседателот на дисциплинската комисија Себастијан Денекс.

Поради овој непримерен потег, казната е сурова, па тренерот на Лион нема да смее да го води клубот до 30 ноември. Освен што нема да смее да го води тимот во следните девет месеци, Фонсека има забрана за влез во соблекувалната на Лион пред и по мечот до 15 септември.

Лион победи со 2:1 против Брест, а инцидентот се случи буквално во финишот на мечот, односно во судиското надополнување.

- Оглас -

Најнови вести