Тренерот на Лос Анџелес ја пикира легендата на Баерн Минхен: Тој е идеален за во нашиот тим

Тренерот на Лос Анџелес, Стивен Черундоло, го потврди сериозниот интерес на клубот за Томас Милер и нагласи дека германскиот ветеран би бил идеалната личност што ќе го предводи тимот до успех во МЛС-шампионатот во САД.

Тренерот на калифорнискиот тим отворено зборуваше за потенцијалниот трансфер на легендата на Баерн Минхен, чиј договор со Баварците официјално истекува по завршувањето на Светското клупско првенство. Милер веќе има понуда од Лос Анџелес, како и од друг американски клуб – ФК Синсинати.

„Секако дека би бил среќен ако Томас дојде. Тој е совршен за нас – со својата личност, со своето искуство, со својата класа и со својот менталитет. Оние коишто мислат дека Лос Анџелес е само сонце и забава, многу грешат. Ние сакаме трофеи. А Милер знае како да ги освои. Тој го разбира фудбалот како никој друг. Позицијата зад напаѓачот совршено му одговара, а ни одговара и нам. Тој би ни помогнал огромно. Но, ќе разговараме за тоа кога ќе дојде време“, вели тренерот на Лос Анџелес, Черундоло.

Томас Милер целосно е вистинска легенда на Баерн. Како 11-годишно момче во 2000 година дојде во Баерн, ги помина сите младински категории, а од 2008 година е дел од првиот тим на најтрофејниот германски клуб.

- Оглас -

Најнови вести