Лозана не ја оправда фаворитската улога во Скопје и загуби со 1:2 од Вардар. Тренерот Петер Цајдлер е разочаран, но секако неговиот тим нема да се предаде затоа што следува реванш во Швајцарија.
„Ова беше многу тежок меч за нас. Во текот на целиот дуел бевме нервозни. Направивме некои корекции, но мораше да одиграме многу подобро во одбраната. Се надевам дека ќе се коригираме во следните дена“, рече тренерот на Лозана, Петер Цајдлер, кој додаде дека Вардар имаше и голема поддршка од публиката.
За Лозана ова беше прв меч во новата сезона и едноставно екипата не влегла во посакуваниот ритам.
Не бевме изненадени од играта на Вардар. Повеќе бевме непријатно изненадени од нашата игра. Одигравме под нашите можности и тоа мора да го поправиме во следните неколку дена пред реваншот на наш терен“, искрен беше стратегот на Лозана.