32.8 C
Skopje
петок, 1 август 2025

Тренерот на Лозана открива дека клучниот момент е промашената шанса на Вардар за 1:1

СпортМанија во Лозана,

Тренерот на швајцарскиот тим, Петер Цајдлер, беше задоволен од убедливата победа од 5:0 на Лозана.

„Дадовме гол за 1:0, а потоа Вардар веднаш имаше шанса да израмни. Благодарение на добрата одбрана на нашиот голман, резултатот не беше 1:1. Тоа беше многу важно затоа што ако Вардар погодеше за израмнување, можеше да се случи тие да се разиграат. Се плашевме дека може да има реакција од Вардар. Дури по четвртиот гол бевме ослободени дека ја завршивме работата“, вели предводникот на Лозана, Цајтлер.

Тренерот на Лозана вели дека резултатот од 5:0 не треба да залажува дека било лесно на теренот.

„Вардар е добра екипа, знае да игра фудбал. Најважно е што по првиот даден гол, психолошката предност беше на наша страна“, заврши Цајтлер, кој посебно ги пофали домашните навивачи, кои направија одлична атмосфера и беа вистинска поддршка на неговите фудбалери.

Мечот во Лозана го следеа 9.051 гледачи на стадионот.

- Оглас -

Најнови вести