Лозана со победа од 3:2 над Винтертур стартуваше во новото првенство на Швајцарија. До триумф стигна со пресврт откако гостите водеа со 0:1 и 1:2, но противникот на Вардар во Конференциската лига покажа дека не се предава.
Тинејџерот Гаосу Дијаките постигна два гола и беше творец на пресвртот за победа на Лозана. Интересно е дека овој играч го постигна единствениот гол за Лозана и на гостувањето во Скопје во поразот од 2:1 од Вардар.
Победата на Лозана беше за подигнување на самодовербата пред реваншот в четврток против Вардар, а и посебна за тренерот Петер Цајдлер. За Цајдлер ова беше јубилејна 100-та победа како тренер во швајцарското првенство.
Откако во 2003 година елитното швајцарско првенство го доби името Суперлига, Цајдлер е само трет тренер со 100 победи.
View this post on Instagram