12.8 C
Skopje
недела, 21 септември 2025

Тренерот на Лозана вели: Не се чувствуваме како фаворити против Вардар

Швајцарскиот клуб Лозана во Скопје ја започнува европската авантура, а тренерот Петер Цајдлер очекува тежок меч против Вардар.

„Се надевам дека ќе имаме добар меч утре. Во изминативе две недели го анализиравме Вардар. Знаеме дека имаме силен ривал против нас. Во Швајцарија има многу Македонци кои работат и живеат таму, па и во таа смисла овие две земји се поврзани“, вели Цајдлер, кој додаде дека и покрај пеколните температури во Скопје, сè е одлично организирано.

„Сè е добро организирано. Ме импресионираше тоа што се е во црвено-жолта боја, во знакот на Македонија. Теренот е одлично подготвен и иако температурите се малку повисоки, условите се одлични. Не се чувствуваме како фаворити. Како на секој професионален меч, шансите се 50-50“, вели стратегот на Лозана.

- Оглас -

Најнови вести