Екипата на Лудогорец со лет од Варна пристигна во Скопје каде утре игра против Шкендија во плејофот за влез во Лига Европа.
Тренерот на Лудогорец, Руи Мота, најавува победа на неговиот тим иако не се комплетни.
„Натпреварите во Европа секогаш се тешки. Нашиот противник е добар тим против кого треба да постигнеме многу голови од ситуациите што ќе ги имаме. Сакаме да победиме и утре нема да биде поинаку. Нема да играме за нерешен резултат, туку ќе бараме победа и добар резултат“, порача Мота од Варна, а вечерва ќе одржи прес-конференција и во Скопје.