19.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Тренерот на Марсеј огорчен: „Вториот пенал е срамен!“

Марсеј имаше водство од 22-рата минута на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид со голот на Тимоти Веа, но Кралевите во продолжение од мечот направија комплетен пресврт и победија со 2-1 благодарение на двата гола на Килијан Мбапе од пенал.

Сепак, големи контроверзии предизвика вториот пенал кој го досуди босанскиот судија Ирфан Пељто. Во Марсеј се огорчени од поразот, а тоа пред новинарите го пренесе тренерот Роберто де Зерби.

„Вториот пенал е срамен. Тоа не беше пенал. Тоа ќе го кажев и да беше во наша корист. Тоа никогаш не може да биде пенал“, рече Де Зерби.

Слично размислува и стручниот коментатор на „Марка“, медиум кој важи за близок на Реал Мадрид.

„Пеналот не е исправно досуден бидејќи станува збор за природна акција. Играчот паѓа на земја, а раката не ја бара топката“ рече Перес Бурул, стручниот аналитичар на „Марка“.

- Оглас -

Најнови вести