Тренерот на Милан се закани дека Рафаел Леао ќе седне на клупата за резерви

Милан одлично ја започна 2025 година освојувајќи го трофејот во Суперкупот на Италија. На тие два меча од Суперкупот, на клупата беше новиот тренер Сержо Консеисао. Токму Консеисао сега е лут и тоа на еден од најдобрите играчи на Росонерите, Рафаел Леао.

Португалскиот стратег се закани на својот помлад сонародник дека може многу брзо да се најде на клуапта за резервни играчи, доколку не ги слуша советите кои му се даваат.

„Леао може многу повеќе од тоа што го покажува затоа што поседува огромен квалитет. Тоа е играч од високо ниво. Мора да продолжи да работи, да се движи и кога топката не е во неговите нозе. Мора целосно да се посвети на тимот. Напуштањето на зоната на комфор не е лесно, но тоа преставува клучот на мојата тренерска филозофија“, рече Консеисао, јасно порачувајќи му на Леао дека мора да биде поактивен и во играта во одбраната, а не само да мисли на нападот.

Леао сезонава одигра 20 меча за Милан во Серија А и постигна само четири гола, додека во Лигата на шампиони во три пати помалку натпревари постигна три погодоци.

Милан утре од 18 часот ќе игра против Емполи, а веќе се шпекулира дека Леао нема да биде во стартниот состав.

- Оглас -

Најнови вести