-7.2 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Тренерот на Милан жеското ги казни своите фудбалери по испаѓањето од Купот, не ги пушти да си одат дома

Актуелниот италијански шампион Милан лошо ја започна Новата 2023 година, во трите натпревари оствари само една победа, а вчера беше елиминиран од Торино во Купот на Италија и тоа го налути тренерот Стефано Пиоли.

Подобар од Росонерите беше Торино, кој со десетмина играчи во продолженијата од по 15 минути успеа да постигне гол, што го натера Пиоли да ги казни своите фудбалери.

Весникот „Газета дело спорт“ пишува дека Пиоли во соблекувалната им рекол на своите фудбалери дека вечерта нема да ја поминат во своите домови туку ќе преспијат во тренинг-центарот во Миланело.

Згора на тоа, Пиоли наместо денеска да им даде слободен ден, тој одлучил да се одработи тренинг како подготовка за саботниот дуел од Серија А против Лече.

Претходно, Милан, исто така на домашен терен, остана без победа во дербито против Рома иако до 87-мата минута водеше со 2:0. Волчицата со головите на Ибањез и на Абрахам успеа да се избори за реми и да ги шокира Росонерите.

- Оглас -

Најнови вести