Бојан Миовски поради повреда е надвор од фудбалските терени, а Жирона и без него им се врати на победите и ја прекина серијата од шест меча без победа, откако синоќа го совладаа Ваљадолид со 3-0 на домашен терен.
Минатогодишната сензација во Ла Лига, оваа сезона е на осмата позиција на табелата, а според тренерот, Мичел, целта е пласман во топ-7 екипите, односно излез во Европа.
„Одигравме одлично, посебно во делот што ни требаше, а тоа е згресивноста без топка. На претходните натпревари доминиравме со топката, но бевме слаби во противничкиот шеснаесеник. Не притискавме доволно кога ќе ја загубевме топкаа. Нашата цел за оваа сезона е да бидеме помеѓу најдобрите седум екипи на табелата.“ – вели Мичел.
Нашиот репрезентативец веќе три натпревари е надвор од составот поради повреда и ги пропушти дуелите против Ваљадолид и Мајорка во Ла Лига, како и мечот против Ливерпул од Лигата на шампионите.