Тренерот на Миовски во Жирона: „Ќе се бориме сè додека имаме и теоретски шанси“

Жирона без повредениот Бојан Миовски загуби со 0-1 на домашен терен од Ливерпул откако Мохамед Салах беше сигурен реализатор на удар од белата точка. Помалиот клуб од Каталонија сега има пет порази и само три бода на табелата во новиот формат на Лигата на шампионите и заостанува четири бода од 24-тата позиција, која носи место во разигрувањето.

Тренерот на Жирона, Мичел, верува дека можат да дојдат до пласман во следната рунда и ќе се борат за тоа сè додека имаат и теоретски шанси.

„Пласманот во следната рунда за нас изгледа недостижно во овој момент, но ние ќе продолжиме да се бориме сè додека имаме и најмала шанса. Ќе дадеме сè од себе на следните два натпревари, ќе се забавуваме и ќе се обидеме да дојдеме до две победи. Против Ливерпул се претставивме во добро светло, имавме свои шанси. Проблем е што играме на секои три дена, во Европа и во домашното првенство“, рече Мичел.

- Оглас -

Најнови вести