Пари Сен Жермен ја има улогата на актуелен европски првак, а првиот вистински предизвик за одбрана на тронот ќе го има утревечер, кога Светците ќе гостуваат кај Монако.
Интересно е дека ПСЖ и минатата сезона во плејофот на нокаут-фазата за противник имаше ривал од домашното првенство (против Брест во двомечот славеа со убедливи 10:0), а сега ќе се соочи во двомеч против Монако.
Тренерот на Монако, Себастијан Поконоли, знае дека неговиот тим е аутсајдер, но никако не сака да се предаде предвреме.

„Треба да веруваме во нашите можности, зошто инаку би играле. Мислам дека фудбалерите се подготвени да играат најдобро и да ја задржат шансата за пласман понатаму пред реваншот. ПСЖ е многу силен противник и затоа мора да одиграме 100 отсто и да бидеме перфектни на секој дел од теренот. Ќе го дадеме најдоброто од нас“, потенцираше предводникот на Монако.

