Тренерот на Олимпијакос боледува од мултиплекс склероза

Кошаркарскиот предводник на Олимпијакос, Дејвид Блат, со отворено писмо ја откри болеста со која ќе ја води најтешката битка во неговиот живот. Блат боледува од примарна прогресивна мултиплекс склероза, која медицинскиот тим на Олимпијакос со неколку експерти му ја открија во текот на минатата сезона.

„Понекогаш животот ви додава работи за кои немате објаснување или причина. Тие работи го тестираат карактерот на човекот, тест каков што добив јас. Пред неколку месеци дознав дека боледувам од мултиплекс склероза. Тоа е болест која има доста различни форми и различно се манифестира кај луѓето. Откако го пребродив шокот и болката за да разберам со што всушност ќе се борам, одлучив дека нема да дозволам да ми влијае врз нормалниот живот. Нема откажување“, пишува во дел од писмото на Блат.

Тренерот на Олимпијакос ќе продолжи со обврските кон клубот, барем засега.

- Оглас -

Најнови вести