Тренерот на Осиек: Како играме срам ми е да се вратам дома

Тренерот на Осиек, Дино Скендер има интересна изјава по новиот пораз на неговиот тим, денеска од Локомотива во Загреб со 1:2.

„Ми е срам да се вратам во Осиек. Како игравме немаме со што да се пофалиме. Веднаш одам кај претседателот на клубот да разговараме. Вака веќе не оди“, рече Скендер.

Осиек втор меч по ред прокоцка предност, денеска водеше со 1:0, а уште полошо мина во претходното коло кога имаше 2:0 против Вараждин, но и тоа не беше доволно за победа, туку само за бод во ремито 2:2.

Во последните шест кола еден од најпознатите клубови во Хрватска и чест учесник во европските натпреварувања има само една победа и можно е да дојде до разделба со тренерот.

- Оглас -

Најнови вести