Тренерот на Панатинаикос добивал закани од луѓе од Макаби: Ќе видиш што ќе ти се случи во Израел (Видео)

Натпреварот меѓу Панатинаикос и Макаби Тел Авив во четвртфиналето од плејофот во Евролигата, кој се играше синоќа во Атина (95:79), имаше и „трето полувреме“ во кое во главната улога беше тренерот на грчкиот тим, Ергин Атаман.

Атаман по натпреварот во кој неговиот тим израмни на 1-1 во серијата против Макаби, беше лут како рис бидејќи едно лице од Макаби влегло во соблекувалната на Панатинаикос.

https://twitter.com/i/status/1783772322731561365

 

„Што правиш во мојата соблекувална? Кој е овој човек? Што правиш тука? Кој е ова? Повикајте го обезбедувањето“, викал Атаман.

Споед медиумите, тој човек бил близок пријател на еден од сопствениците на Макаби Тел Авив, Шимон Мизрахи.

Атаман на прес-конференцијата откри дека добил закани од таборот на Макаби.
„Некој од Макаби, не знам кој, но немаше акредитација ми рече: Ќе видиш што ќе ти направат во Израел. Абе ајде, јас сум Ергин Атаман. Јас сум тренер на Панатинаикос и сум селектор на репрезентацијата на Турција и сум турски државјанин. Не можете ништо да ми направите“, изјави Атаман.

Макаби Тел Авив поради војната во Израел, своите натпревари како домаќин во Евролигата ги игра во Белград.

- Оглас -

Најнови вести