Тренерот на ПСЖ тргна да се тепа со навивач на Марсеј, исходот познат (Видео)

Тензиите се задолжителни кога играат француските ривали Марсеј и Пари Сен Жермен, а синоќа, откако гостите предводени од Килијан Мбапе и Лионел Меси издоминираа и победија со 3-0, тренерот на Светците, Кристоф Галтие, сакаше да се тепа со домашен фан.

На социјалните мрежи е објавена снимка на која се гледа како навивачи на Марсеј урлаат кон Галтие и сакаат да ја прескокнат оградата за да се пресметаат со него, а и тој не седи мирен, туку агресивно се однесува и тргнува кон нив. Но, до пресметка не дојде, помошниците го запреа Галтие, а редарите ги спречија навивачите.

- Оглас -

Најнови вести