Македонскиот напаѓач Бојан Миовски блесна во победата на Ренџерс од 3-0 против Килмарнок, постигнувајќи два гола и убедливо докажувајќи ја својата вредност. По натпреварот, тренерот Дени Рол го пофали за изведбата.
„Бојан направи голем напредок, имаше добри шанси и лесно се прилагодува на условите. Кога напаѓач постигнува два гола, тоа е фантастично. По мечот со Фалкирк зборувавме за просторот што се отвора на теренот и сакав да видам како ќе се снајде – и го исполни тоа“, изјави Рол.
Со овие два гола, Миовски го зголеми својот број на погодоци за Ренџерс на четири – три во шкотскиот шампионат и еден во Лига купот. Јасно е дека Македонецот станува сè поважен дел од тимот на Ренџерс.

