Тренерот на Ристовски позитивен на ковид-19

Спортинг Лисабон потврди дека и тренерот Рубен Аморим е позитивен на корона-вирусот. Тренерот на Ристовски заедно со уште еден играч се двајцата позитивни во клубот по последните тестирања, а во редовите на Лавовите веќе има седум членови кои се во самоизолација поради заразеност со ковид-19.

Според здравствениот протокол, на Аморим му следуваат 14 дена карантин, што значи дека Спортинг ќе биде без кормиларот во дуелот против Жил Висенте во премиерното коло во португалскиот шампионат.

- Оглас -

Најнови вести