23.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Тренерот на романскиот тим признава: Се спасивме од убедлив пораз

Шкендија направи изненадување победувајќи го романскиот гигант ФЦСБ со 1:0 и со предност ќе патува во реваншот кој ќе се игра за седум дена во Букурешт.

Тренерот на ФЦСБ Елијас Хараламбус е разочаран од играта на неговите фудбалери и призна дека Романците се спасиле од поубедлив пораз.

„Да бидам искрен, денес нема многу што да се каже. Не игравме добро, не направивме ништо. Затоа велам дека нема многу што да се коментира: денес не бевме на теренот. Тарновану нè спаси на крајот, можеа да постигнат повеќе голови“, рече Хараламбус на прес конференцијата по мечот во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести