Тренерот на Сарагоса најавува: На Реал ќе му играме со резерви!

Најголемиот дел стандарни стартери во екипата на Сарагоса нема да бидат во тимот на утрешниот натпревар од Купот на Шпанија против Реа Мадрид. Ова го најави тренерот на второлигашкиот клуб, Виктор Фернандес. За Сарагоса поважен е мечот од Сегунда против Кадис и затоа против фаворитот ќе настапа претежно со резервни фудбалери.

„Веднаш потпишувам да загубиме од Реал Мадрид во Купот, а да го победиме Кадис во Лигата“, рече Виктор, кој со оваа изјава налути многу фанови, но побара да се размислува со студена глава.

Реалноста е дека и да играат со најдобриот состав, пак може да загубат од Реал, и плус мечот да го завршат заморени, што би било хендикеп пред пресметката со Кадис.

Тренерот на Кралскиот клуб од Мадрид, Зинедин Зидан, објави кои играчи се кандидати за настап. Во тимот ќе ги нема Бејл, Каземиро, Иско и Милитао, како и повредените Азар и Асенсио.

- Оглас -

Најнови вести