4.8 C
Skopje
понеделник, 20 октомври 2025

Тренерот на Селтик искрен: „Мурињо ме просветли повеќе од било кој“

Тренерот на шкотски Селтик, Брендан Роџерс, се потсети на своите почетоци во струката, но и на средбата со Жозе Мурињо, како и на советите кои ги добил од „специјалниот“.

Роџерс со Селтик има четири титули во првенството на Шкотска, но на почетоците работел како тренер во академијата на Рединг. Тогаш стигнал повикот да направи трансфер во академијата на Челзи, во периодот кога „сините“ беа предводени токму од Мурињо, па средбите помеѓу нив двајца биле неизбежни.

„Мислам дека Мурињо ме просветли повеќе од кој било друг. Престојот во Рединг беше одличен – на крај станав менаџер на академијата и поминав речиси 14 години таму. Кога отидов во Челзи и Жозе Мурињо го презеде клубот, сакаа да ја трансформираат младинската секција. Немав искуство со тоа – по две-три недели веќе имаше четворица-петмина што се споменуваа за моето место. Му отидов на Жозе и тој ми рече: ‘Во ваквите големи клубови секогаш ќе има најмалку 12 имиња поврзани со твојата позиција. Истото е и со мене како менаџер. Не се грижи, работи напорно и добро, и сè ќе биде во ред’.“ – се потсетува Роџерс.

Тој немал богата играчка кариера, па морал напорно да работи за да се изгради во квалитетен тренер.

„Особено кога немаш играчко минато, мораш сам да си го изградиш името како тренер. Кога ќе станеш менаџер, сфаќаш дека кога ќе се подигне завесата и светлината ќе падне врз тебе – светот изгледа сосема поинаку. Можеш да бидеш блиску до играта како асистент или тренер, но да бидеш менаџер е сосема различна работа.“ – додава тренерот на Селтик.

- Оглас -

Најнови вести