Тренерот на Селтик пред мечот со Баерн најавува: „Ќе играме без страв во Минхен“

Од фудбалерите на Баерн Минхен се очекува само да го потврдат пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите, со оглед на фактот дека победија со 1-2 на гостувањето кај Селтик, па сега треба само рутински да ја завршат работата.

Сепак, тренерот на Селтик, Брендан Роџерс, најавува дека во Минхен ќе играат без страв, а спортот памети и многу поголеми изненадувања од евентуална победа на неговата екипа.

„Стигнавме до моментот кога треба да играме без страв. Мислам дека во животот може да се случат и многу полоши работи од тоа да загубите фудбалски натпревар. Затоа сакаме да бидеме сигурни дека и да не победиме, ќе го дадеме најдоброто од себе. Имаме само една шанса, мора да бидеме паметни, снаодливи и храбри на овој меч. Историјата на спортот покажува дека сè е можно“, вели тренерот на Селтик пред реванш-натпреварот против Баерн Минхен.

- Оглас -

Најнови вести