Тренерот на Севилја со многу пофалби за противникот: Челзи може да ја освои Лигата на шампионите

Севилја е тимот кој пред неколку месеци се радуваше на трофеј од натпреварување на УЕФА. Шпанскиот тим ја потврди доминацијата во Лигата на Европа, но сега има многу поголем предизвик – да се обиде да стигне што е можно подалеку во Лигата на шампионите.

Челзи е првиот ривал на Севилја, а дуелот се игра во Лондон. Тренерот на гостите, Хулен Лопетеги има само пофални зборови за англискиот тим, па дури ги смести и меѓу фаворитите за освојување на трофејот.

„Ќе играме против тим кој е еден од фаворитите за освојување на Лигата на шампионите. Затоа ќе мора да одиграме најдобро што знаеме. Секој меч е тежок, посебно во ЛШ, и тоа против ривал како што е Челзи. Сепак, нашата цел е да победиме на секој меч без разлика на кој стадион играме. Челзи сака да доминира со топката, имаат одлични играчи, но и во нашите редови имаме фантастични фудбалери. Ова ќе биде дуел на двата тима со иста фолозофија, а тоа е да ја задржи топката во своите нозе“, рече тренерот на Севилја, Хулен Лопетеги.

Во летниот преоден рок, Челзи е клубот кој потроши најмногу пари за нови играчи во цела Европа. Лондончани одлично се засилија во нападот, но одбраната им е слаба, а тоа се виде и на последниот дуел од Премиер лигата, кога на „Стемфорд бриџ“ одиграа 3:3 против Саутхемптон.

Според нашите прогнози, мечот Челзи – Севилја е како создаден за играње на голови, и тоа на двете страни.

 

- Оглас -

Најнови вести