Екипата на Барселона многу потешко од очекувањата дојде до планираната победа од 2-1 над украинскиот Шахтар Донецк. Каталонците на овој натпревар настапија без пет од своите ѕвезди, кои беа на трибината веднаш зад клупите. Тука беа Гави, Педри, Рафиња, Де Јонг и Левандовски, а сите се изненадија кога за време на мечот им пријде еден од тренерите на гостинската екипа, веројатно оној за кондициската подготовка на фудбалерите.
Тој со себе имаше листови хартија и фотографии од фудбалерите, па побара од нив да добие автограми. Фудбалерите најпрво беа изненадени, но прифатија да се потпишат на хартијата на украинскиот тренер. Целата случка беше забележана од камерите и предизвика голем сеир на социјалните мрежи.
https://twitter.com/angrygavi/status/1717261736741413170?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1717261736741413170%7Ctwgr%5E04280092182bf82776922239d7d5ac7d95a50306%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportsport.ba%2Ffudbal%2Ffc-barcelona-shakhtar-trener-autogram-pedri-gavi-video%2F461403