Македонскот првак Шкупи утревечер од 21 часот ќе гостува кај Шемрок роверс во Ирска, во првиот меч од третото квалификациско коло од Лигата на Европа. Домаќините интензивно се подготвуваат за овој дуел, а тренерот на Шемрок, Стивен Бредли, имаше само пофални збори за Шкупи.
„За противник имаме многу, многу силен ривал. Шкупи беше рамноправен во двомечот против Динамо Загреб, што покажува за каков противник се работи. Го почитуваме противникот, но како и на секој меч така и сега, ние ќе наметнеме наш стил на игра. Знаеме дека имаме квалитет да стигнеме до победата“, вели стратегот на Шемрок, Бредли.
Поради овој меч Шкупи нема да го игра првото коло од домашното првенство против Тиквеш во предвидениот термин, што беше потврдено и од страна на кавадарчани.