23.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Тренерот на Синер откри една тајна, Италијанецот попладнево го измами целиот свет

Тренерот на Јаник Синер, Дарен Кејхил, откри дека италијанскиот тенисер сепак тренирал попладнево и тоа околу 30 минути во затворено.

Ова треба да значи дека светскиот рекет број 1 ќе игра утре во четвртфиналето на Вимблдон против Бен Шелтон.

„Отидовме на затворените терени и му ја додававме топката 20-30 минути, за да го почувствува топчето. Ќе биде добро, беше убаво што се врати на теренот. Незамисливо е за него да земе слободен ден.“, рече Кејхил.

Нема вести од резултатите од снимањето на магнетна резонанца, но штом излегол на теренот да тренира, очигледно е дека се консултирал со својот тим и медицинскиот персонал и нема посериозни последици.

Инаку дека поради повредата на десниот лакт здобиена на стартот на мечот со Григор Димитров, Синер во ударите загубил брзина од околу 10 километри на час од вообичаеното. За негова среќа, Бугаринот посериозно се повреди и мораше да го предаде мечот, па Синер влезе во полуфиналето.

- Оглас -

Најнови вести