Турскиот клуб Кајсери Мејсуспор се најде во центарот на вниманието на светската јавност откако нивниот тренер Халит Курт беше снимен како во соблекувална им удира по една шлаканица на сите фудбалери.
Курт бил лут за играта на тимот во првото полувреме на еден меч и негативата од 1-3 по првите 45 минути. Шлаканиците дадоа резултат, во вториот дел Кајсери даде четири гола и на крајот победи со 5-3.
Тренерот воопшто не жали што ги удирал играчите, вели дека и него го тепале учителите кога одел на училиште ако нешто погрешел. Единствено што жали е што целиот случај беше снимен и се појави во јавност.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=7&v=v-IMcrLnxfg