16.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Тренерот на Тиквеш поднесе оставка по шокантниот пораз од Арсими

Ѓорѓи Мојсов поднесе оставка од тренерската позиција во Тиквеш. По шокантниот пораз од Арсими во десеттото коло на Првата лига, тренерот реши да се повлече од кормилото на тимот.

Тиквеш на денешниот меч водеше со 3-1, но во драматичен финиш прими три гола и го загуби натпреварот со 3-4. Тоа беше момент што ја означи крајната одлука на Мојсов.

И покрај сè, тој ќе остане запаметен како најуспешен тренер во историјата на клубот. Во 2024 година го донесе првиот трофеј во Купот на Македонија и ја водеше екипата на европската сцена – достигнувања кои остануваат врежани во историјата на Тиквеш.

Веднаш се отвора потрагата по нов стратег за стручниот штаб. Според првичните информации, во игра се имињата на Илчо Ѓорѓиоски, Срѓан Захариевски и Горазд Михајлов, искусни тренери со завидно искуство во прволигашката конкуренција, кои можат да ја водат екипата кон нови предизвици.

- Оглас -

Најнови вести