Тренерот на Торино, Паоло Ваноли, упати пофалби за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој по заминувањето од Лајпциг конечно ја пронајде својата најдобра форма, враќајќи се во Серија А.
На прес-конференцијата пред вечерашниот натпревар против Лацио, Ваноли изјави дека отсекогаш сакал да има играчи како Елмас во својот тим.
„Мислам дека успешно го менаџиравме неговото време на теренот. Елмас веднаш ги покажа своите квалитети, се наметна и стана клучен дел од тимот. Сите сме задоволни што го имаме. По репрезентативната пауза се врати со голема самодоверба, одигра два цели натпревари, полн е со енергија и желба да се докаже. Јас како тренер секогаш сум сакал такви играчи во тимот“, изјави Ваноли.
Откако пристигна во Торино од Германија, Елмас веќе одигра пет натпревари и постигна три гола, покажувајќи дека брзо се адаптираше на новата средина.