Тренерот на Тотенхем е категоричен: Кој е тој што би сакал неговиот клуб да загуби

Менаџерот на Тотенхем, Анге Постекоглу, е категоричен дека неговиот тим ќе игра со сите сили да го изненади Манчестер сити во мечот кој вечерва се игра во Лондон. Тотенхем е во незавидна ситуација затоа што треба да игра против актуелниот првак Сити во обид да помогне да се сопре неговата доминација, но ако успее да не загуби, ќе му направи услуга на големиот градски ривал Арсенал.

„Никогаш не сфатив како може некој да може да сака неговиот клуб да загуби. Тоа не е спортот. Јас повеќе од сè сакам да победиме. Зар мислите дека поголемиот дел од нашите фанови нема да сакаат да триумфираме? Ова е дуел кој треба да го добиеме“, вели Постекоглу.

Интересна е статистиката за Сити кога гостува на теренот на Тотенхем. Во претходните четири сезони Сити кога играше на новиот терен на Тотенхем, секогаш губеше. Сепак, оваа лоша традиција заврши откако во ФА купот Сити победи минимално со 1:0 на теренот на Тотенхем.

„Статистиката против Сити на нашиот терен? Мојата статистика е една победа и еден пораз против тој тим. Очекувам мојата статистика да се подобри. Сити има фантастичен тим и сакаме еден ден да бидеме како нив“, вели предводникот на Тотенхем, Постекоглу.

- Оглас -

Најнови вести