20.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Тренерот на Тотенхем предлага: Да има тајмаут во секое полувреме и да се укине казната за играње со рака во шеснаесетникот

Тотенхем стартуваше со две победи и еден пораз по првите три меча во Премиер лигата. Ова може да се оцени како солиден старт на тимот кој минатата сезона малку фалеше да испадне од лигата.

Новиот тренер на Тотенхем, Томас Франк, вели дека има неколку интересни идеи како нови правила што би биле позитивни за фудбалот.

„Би вовел да има тајмаут во секое полувреме. Од тренерска перспектива мислам дека е одлична шанса во текот на мечот да може да се поразговара со играчите и нешто да се прилагоди“, вели Франк, кој додава дека премногу голема казна е да се суди пенал за секое играње со рака во шеснаесетникот.

„Би го укинал правилото за давање пенал поради играње со рака во шеснаесетникот. Според мене, тоа не е исправно. Ако во текот на играта, топката случајно ве допре за рака во казнениот простор, на противникот му давате најголема шанса да постигне гол поради тоа што се случило. Секако, ако играњето со рака е на гол-линијата и спасува погодок или ако сопре директна акција за погодок, тогаш е поинаку. Тоа е правило кое мора да се смени“, потенцира Франк.

- Оглас -

Најнови вести