Тренерот на Валенсија има доверба во Мамардашвили и покрај киксевите

Тренерот на Валенсија, Карлос Корберан, во својата анализа на синоќешниот натпревар со Ваљадолид рече дека има мечеви што треба да се добијат без да се доминира противникот и потврди дека иако голманот Мамардашвили направи кикс по кој Лилјаците примија гол, нема намера да го седне на клупа.

„Не се сомневам во нивото на Мамардашвили. Тој е многу погоден од грешката што ја направи и доведе до израмнување на Ваљадолид. Навистина го ценам одличното второ полувреме што го имаше, тој го смири тимот, имаше одбрани, беше храбар, ја ценам неговата способност да се надмине себеси“, рече Корберан.

Очигледно Столе Димитриевски сезонава ќе брани за Валенсија само ако идниот голман на Ливерпул биде повреден или суспендиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести