7.8 C
Skopje
среда, 3 декември 2025

Тренерот на Валенсија потврди: Столе Димитриевски ќе брани утре во Купот на Шпанија

Македонскиот голман Столе Димитриевски ќе биде стартер на утрешниот натпревар од Купот на Шпанија против Картагена, соопшти тренерот на Валенсија, Карлос Корберан.

Димитриевски пред неколку дена предизвика бурни реакции со изјавата дадена во Македонија, па не беше сигурно дали ќе ја добие довербата да брани повторно.

Сепак, недоразбирањата се надминати и нашиот репрезентативец повторно ќе биде на голот во куп-натпреварувањето.

„Столе ќе стартува. Сите проблеми се минато, тој се извини за својата изјава и беше казнет со парична глоба. Нема никакви спортски санкции, договорот останува валиден. Столе е нашиот прв голман за Купот на Кралот“, изјави Корберан.

- Оглас -

Најнови вести