На денешната прес-конференција пред дуелот со Реал Мадрид, тренерот на Жирона, Мичел Санчес, порача дека би сакал Манчестер сити да игра во финалето на Лигата на шампионите.
Сити во полуфиналето ќе игра против Реал Мадрид, а најголем број Каталонци ќе навиваат за англискиот тим, поточно против омразените мадриѓани. Но, зборовите на човек кој е тренер на шпански прволигашки клуб сепак се изненадувачки.
„Сакам да ги видам Манчестер сити во финалето. Ние како клуб сме во Сити груп, а и поради пријателството со Пеп Гвардиола и неговиот брат Пере, би сакал да бидат финалисти. Имам пријатели и во Реал, тие се шпански клуб, нема да ми биде криво ако ја освојат европската титула, но во полуфиналето ќе навивам за Сити“, рече Мичел.