Тренерот на Ѕвезда по дебаклот го згасна профилот на „Икс“ поради навреди и закани

Откако Црвена ѕвезда беше елиминирана во два натпревари од полуфиналето на Суперлигата на Србија, по натпреварот во Суботица, на кој Спартак ги надигра Црвен-белите со 93-77, тренерот на белградскиот евролигаш, Јанис Сферопулос, се повлече од социјалните мрежи.

Тој беше активен на „Икс“, (поранешен „Твитер“), но веднаш по натпреварот го деактивираше својот профил.

Искусниот грчки стручњак им се извини на навивачите на прес-конференцијата по натпреварот со Спартак Суботица, но очигледно тоа не беше доволно, добивал срмтни закани и навреди.

Црвена ѕвезда за првпат по 15 години остана без финале во српската лига, а претходно за првпат од 2014 година наваму не играше финале ни во регионалната АБА-лигата.

- Оглас -

Најнови вести