Тренерот што ја избламира Барселона за сите времиња ќе го замени Емери во Вилјареал

Кике Сетјен е на чекор да биде нов тренер на Вилјареал откако Жолтата подморница ја напушти Унаи Емери и замина во Астон вила.

Објавено е дека Сетјен, кој последен пат беше кормилар на Барса во својата тренерска кариера и мина неславно, веќе имал разговори со првиот човек на Вилјареал, Фернандо Рог.

Кике го бендисал проектот што му бил претставен од челниците на Вилјареал, а се однесува на иднината на клубот и останува само формалност да се финишира договорот меѓу двете страни и Сетјен да биде нов кормилар на шпанскиот клуб.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1584660583219023872?s=20&t=VDR7064YL5SteJwEyVKM3w

Сетјен е фудбалска легенда на Расинг Сантандер и во играчката кариера што ја мина во неколку шпански клубови, најмногу покажа во екипата од регионот Кантабрија.

Во 2001 година дури беше прогласен за најдобар фудбалер на сите времиња на Расинг Сантандер, но ако тоа му е светла точка, тогаш епизодата како тренер на Барса од јануари до јуни 2020 година му е црна дамка во кариерата.

Со шпанскиот гигант на 14 август пред две години загуби од Баерн со 2:8 во меч од Лигата на шампионите и по три дена доби отказ.

Тоа е највисокиот пораз на Каталонците од 1951 година и првпат по цели 74 години се случи Барселона да прими 8 гола на еден меч.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести