Тренерот што немаше милост кон Барселона и ја победи со 8:2 седна на чело на каталонскиот гигант

Ханс Дитер Флик и официјално е нов тренер на Барселона. Каталонскиот гигант се пофали и потврди дека е потпишан договор кој го обврзува германскиот тренер да биде на чело на каталонскиот гигант до 2026 година.

Флик доаѓа на местото на Чави Ернандес, кој си замина по недоразбирања со челниците на клубот. Уште пред некое време Флик беше најавуван како наследник на Чави, а тогаш беше потенцирано дека Германецот интензивно започнал да го учи шпанскиот јазик.

https://twitter.com/i/status/1795792455473803770

Уште пред три години Флик имал контакт со првите луѓе на Барселона, но тогаш договор не беше постигнат. Флик беше на чело на Баерн Минхен кога во 2020 година убедливо со 8:2 ја елиминира Барселона во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести